ПОЛИФОНИЈАТА ВО КОМПОЗИЦИЈАТА ДОЈДОВМЕ ЗА МЕШАН ХОР ОД ТОМИСЛАВ ЗОГРАФСКИ

  • Tihomir Jovik

Abstract

Томислав Зографски (Велес, 29.3.1934 -14.1.2000, Скопје) е една од најмаркантните личности во македонската музичка култура. Со својот обемен и разновиден опус (146 дела), во кој се содржани речиси сите форми и жанрови на класичната музика, како и со плодната општествено-педагошка дејност, Зографски остава значаен белег во македонската музичка историја. Тој е еден од првите композитори коj во македонската музика ги внесува карактеристиките својствени за неокласицизмот, што воедно претставува негова доминантна стилска определба. Целта на овој труд е да го образложи пристапот на авторот кон реализацијата на композицијата Дојдовме, оп. 95, за мешан хор (1980/1981). Преку квалитативниот инструмент анализа, првенствено ќе бидат разгледани следните компоненти: слог и фактура, видот, начинот и обемот на примена на полифониот слог како принцип на организација на музичката материја, формална структура, вертикални структури и сл.

Клучни зборови: Томислав Зографски, полифонија, имитација, фрагментарност, фактура.

Published
2019-05-14