МУЗИЧКА ПИЈАНО ТЕРАПИЈА: СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ СО ПОЧЕТНИК ПО ПИЈАНО НА 9-ГОДИШНА ВОЗРАСТ
Abstract
Во државните музички училишта во Р Македонија исклучително ретко може да се сретнат ученици кои покрај музичкиот мотив, посетуваат настава по инструмент и од медицински причини по лекарска препорака. Во овој труд е претставен случајот на 9-годишен почетник на кој му составивме вежби по пијано за развивање и подобрување на прстната моторика во левата рака. По неколку месеци вежбање, констатиравме мали подобрувања во движењата на прстите кај ученикот.
Клучни зборови: музичка терапија, пијано, вежби, прстна моторика, лева рака.