КОНЦЕРТ ЗА ПИЈАНО И ОРКЕСТАР БР. 2 ОП. 21 ВО ЕФ-МОЛ ОД ФРЕДЕРИК ШОПЕН
Abstract
Често именуван под името „поет на пијаното“, една од најмаркантните личности во историјата на пијанизмот, полскиот композитор Фредерик Шопен (1810 – 1849), напишал два концерти за пијано и оркестар во текот на својот краток живот. Концертот бр. 2 оп. 21 е всушност хронолошки првиот негов напишан концерт. Редоследот на издавањето прави од него да биде запишан во историјата како втор. Овој концерт станува појдовна точка за поимот „Романтичарски концерт“, заедно со концертот во а-мол од Р. Шуман и концертот во ге-мол од Ф. Менделсон.
Клучни зборови: Шопен, концерт бр. 2, пијано, романтизам, стил.