ФИЛМУВАНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОБРЕДОТ ЛАЗАРКИ ОД ЕТНИЧКИОТ ПРЕДЕЛ ДОЛНИ ПОЛОГ
Abstract
Тема на овој труд ќе биде процесот на снимање на реконструкција на обичај. Како пример ќе послужи снимањето на филм од овој тип кој за своја тематика ги има Лазарските обредни поворки од етничкиот предел Долни Полог. Поради комплексноста на севкупниот процес на изработка на филм од овој тип, истиот ќе биде проследен низ неколку фази и потфази. На самиот почеток процесот на работа беше поделен на две основни фази и тоа: прва фаза – истражувачка работа и втора фаза – практична (теренска работа). Како потфази се јавуваат консултирана стручна литература и теренски истражувања дел од првата фаза и избор на локации, традиционални носии, изработка на сценарио и проби со учесници како потфази на втората фаза. Клучни зборови: филм, реконструкција, обред, процес, фази, Лазарки, Долни Полог.