Студиите на Лаура Салмон Коварски за превод на сопствените имиња и нивна примена во преводите од македонската книжевност на италијански јазик

Authors

  • Jovana Karanikikj

Abstract

Овoj текст има за цел да ja прикаже книжевната ономастика во делата како важен културолошки елемент и да ги претстави студиите за превод на сопствените имиња на Лаура Салмон Коварски како корисни инструменти при подобрувањето на квалитетот на преводот. Текстот нуди приказ на основните теориски поставки во книжевната ономастика кои го истакнуваат значењето на сопствените имиња во еден текст и од кои поаѓаат студиите на Лаура Салмон Коварски. Прикажани се стратегии при преведување на сопствените именки кои споменатата славистка ги нуди како преведувачки решенија. Преку примери земени од автори од македонската наратива преведена на италијански јазик е прикажана применливоста на резултатите од овие студии.

Downloads

Published

2013-04-15

Most read articles by the same author(s)