Имињата од странско потекло како културни референци при превод на книжевни текстови
Abstract
Oвој труд има за цел да ја истакне важноста на имињата од странско потекло во книжевните текстови преку лингвистичка и културолошка анализа на истите елементи во преводи од македонската книжевност на италијански јазик. Анализата е извршена врз три прозни дела: расказот „Антологичарот“ од Драги Михајловски, романот „Тесно море“ од Борис Вишински и романот „Ѕиркачот“ од Александар Прокопиев и соодветните издадени преводи на италијански јазик и се однесува на употребата на антропонимите Ричард и Вилијам и нивното конотативно значење. Истовремено, текстот нуди и критички осврт кон преведувачките решенија и упатува на можните последици.