УЛОГАТА НА ПРАВИЛНИОТ ИЗГОВОР ПРИ КОМУНИКАЦИЈАТА НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК ИЗУЧУВАН КАКО СТРАНСКИ ЈАЗИК
Abstract
Комуникацијата е процес за кој се потребни барем две или повеќе страни, додека се разменуваат податоци, приказни, емоции и информации, при што соговорниците не се изразуваат без да се обрнува внимание на тоа што кажува соговорникот, туку од клучно значење e да се одвива непречена комунијација. Главната цел на комуникацијата не е само да се даде информација, но и да се достигне разбирање, што не секогаш е крајниот резултат. Зборувањето е продуктивна вештина и претставува клуч на комуникацијата, а совладувањето на правилен изговор е важна цел во развојот на говорните вештини. И покрај малите несоодветности во лексиката и граматиката учениците се повеќе склони
да комуницираат ефикасно кога имаат добар изговор и интонација.