ПРЕГЛЕД НА КОМУНИКАТИВНИОТ ПРИСТАП ПРИ ИЗУЧУВАЊЕТО НА СТРАНСКИ ЈАЗИК СО ОСВРТ КОН ВЕШТИНАТА ЗБОРУВАЊЕ

  • Vesna Prodanovska Poposka

Abstract

Изучувањето на странски јазик е сложен процес кој бара стекнување на вештини при што
изучувачот станува компетентен да го користи истиот во бројни и разновидни ситуации.
Комуникативното изучување на странски јазик се разбира како една целина на начела за тоа
зошто се изучува странски јазик, на кој начин, кои видови на активности се сметаат за
полезни за изучувањето како и улогата на наставниот и ученикот за време на процесот.
Зборувањето е вештина која е прва на допир со странскиот јазик и се смета дека е најчеста
активност во поглед на останатите компоненти при изучувањето на странски јазик. Во овој
труд се прикажува еден осврт на комуникативниот пристап не само кон општите
карактеристики при совладувањето на странски јазик, туку и во поглед на стекнување на
вештината зборување.

Published
2018-12-22