ЦЕЛОСНИ МАКЕДОНСКИ ФРАЗЕОЛОШКИ ЕКВИВАЛЕНТИ НА ФРАЗЕОЛОГИЗМИТЕ СО ЗБОРОТ „ВОДА“ КАКО ГЛАВНА КОМПОНЕНТА ВО ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК

  • Mirjana Pacovska

Abstract

Овој труд има за цел да прикаже краток преглед на фразите со вода како
главна компонента во германскиот јазик и да ги пронајде фразеолошките
еквиваленти на македонски.
Првиот дел од трудот ги дава дефинициите на зборот фраза и на
фразеолошката наука што се занимава со фразите/идиомите. Потоа се опишуваат
различни типови на еквивалентност како неодминлив дел од констрастивната
фразеологија. Основа притоа е квантитативната еквивалентност на Корхонен, но
во овој труд цел се само идиомите со вода како главна компонента во германскиот
јазик и главната цел ќе биде да се најдат нивните македонски еквиваленти.

Published
2018-12-22