ЦРВЕНАТА БОЈА ВО ГЕРМАНСКИТЕ И ВО МАКЕДОНСКИТЕ ФРАЗЕОЛОГИЗМИ
Abstract
Во овој труд ќе бидат анализирани фразеологизми на македонски
и на германски јазик кои во себе ја содржат црвената боја како составен елемент.
Боите се дел од нашиот секојдневен живот, тие нѐ опкружуваат во сите сфери на
нашето живеење, присутни се во соновите, религијата, природата, уметноста, но
исто така и во фразеологијата. Во фразеологијата боите може да имаат визуелнa
и симболичка улога. Целта на овој труд е преку контрaстивна анализа да се
укажи на сличностите и разликите кои ќе се појават кај овие фразеологизми во
двата јазика.