КНИЖЕВНОТО И ИСТОРИСКОТО ЗА СИРМА ВОЈВОДА
Abstract
Во трудот се осврнуваме на начинот на ширење на легендата за Сирма
војвода. Интересот за Сирма војвода, започнат уште од времето на Миладиновци, не се изгубил
ни во текот на годините по нејзината смрт. Нејзиното име добило статус на симбол на јунаштво
на македонската жена. Оттаму, предмет на нашето истражување е да ја одделиме, колку што
можеме, историската личност од фолклорно-книжевната претстава за оваа позната ајдутска
предводничка.