ПРЕКРАСНИОТ УМ НА МИТРА РИСТОВА, БИСЕРОТ НА МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА КНИЖЕВНОСТ ОД XIX ВЕК
Abstract
Во трудот се осврнуваме на една од најталентираните македонски
интерпретаторки на народни песни, Митра Ристова (Христова). Оваа млада и мошне
талентирана девојка од Горноџумајско, покрај тоа што репродуцирала, умеела да
пресоздава и создава нови варијанти на ист мотив, вметнувајќи своевидно авторство
во испеаните песни. Во нејзините пеењата доминираат јуначките песни, како според
бројот на стиховите, така и според убавината на пеењето. Поривот за драматизација и
кон епосот, од Ристова создале интерпретаторка од највисоко рамниште во македонската
народна поезија. Вештината која преку визуaлизирање на слики или зборови
придонесува за полесно памтење на информациите се нарекува мнемотехника. Неа ја
користеле најдобрите македонски интерпретатори и создавачи на песни и приказни,
меѓу кои, секако, едно од највисоките места, ако не и највиско ѝ припаѓа на Митра
Ристова.