ИНТЕРСУБЈЕКТИВНА АНАЛИЗА ВО ДРАМАТА НА МАРИЛУИЗЕ ФЛАЈСЕР „ЧИСТИЛИШТЕ ВО ИНГОЛШТАТ“
Abstract
Во драмата на Марилуизе Флајсер (МЛФ) „Чистилиште во Инголштат“ (ЧИ)
/Marieluise Fleißer „Fegefeuer in Ingolstat“/ јасно се воведува второто ниво на двоен морал. Тоа е
претставено преку примерот на Реле. Тој ја презентира конкретната верзија на лажниот
сексуален морал и на сексуално мотивираниот однос на мажите кон жените. Во истражувањето
за Марилуизе Флајсер, фигурата на Реле е често анализирана. Постои еден вид консензус дека
МЛФ овде оформува една од нејзините внатрешно-драматични аукторијални улоги. Mладиот
Реле е една од самопроекциите на раскажувачката на драмата. Всушност, шемата сосема им
одговара на искажувањата на МЛФ кои се однесуваат на улогата на машкото и женското во
врска со прашањето за еманципација на патријархалните односи. МЛФ го скицира активниот,
просветителски и еманципациски дел на својата личност во улога на млад човек. Тоа сосема
точно го одразува нејзиниот став кон женското или кон типот на жена, кој во ЧИ го агираат
речиси сите женски улоги: тие многу повеќе го стабилизираат традиционалниот систем отколку
што го ставаат под прашање.