КНИЖЕВНОТО ТВОРЕШТВО НА РУМИ КАКО ИНТЕРТЕКСТ НА ПОЕЗИЈАТА НА ФРАШЕРИ
Abstract
Ориентот секогаш бил предизвик со својата литература за другите
книжевности. Во овој научен труд ќе објасниме како таа книжевност може да биде
испреплетена во другите книжевности. Тргнувајќи од тоа дека секој текст е интертекст,
таа испреплетеност ќе биде анализирана аплицираjќи ја теоријата на интертекстуалност.
Тука ќе се повикаме на теоретичарите како што се Жерар Женет и Харолд Блум, кои
во својата „Aнтитетичка критика“ имаат одредено пет вида релации кои се однесуваат
на поезијата. Од ориенталната книжевност ќе се повикуваме на Руми, каде се најдени
интертекстуални релации со песните на Наим Фрашери. Поезијата „Песна на кавалот“
и некои други поезии кои се повикуваат на поезиите на Руми, кои на директен или
индиректен начин на читателот им се дадени референции за ова интертекстуална врска.
Методологијата која ќе се употребува на овој труд ќе биде контрастивна и аналитичка,
со која ќе дојдеме до резултатит дека интертекстуалната врска им овозможува на
авторите да креираат нов текст врз стариот употребувајќи цитати, мото, хипертекст,
хипотекст и др.