ПРИДАВКАТА „МАКЕДОНСКИ“ ВО ДОГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА (2017 ГОД.) И СО ГРЦИЈА (2018 ГОД.)

  • Dejan Marolov
  • Strashko Stojanovski

Abstract

Од создавањето на независна Република Македонија, па сè до денес,
младата република се соочи со уникатни проблеми со своите соседи. Со цел за нивно
решавање, а под заканата за непризнавање и за ставање вето на евро-интегративните
процеси беа потпишани повеќе договори. Овој труд ја анализира (не)дозволеноста на
употребата на терминот „македонски“ согласно со последните потпишани договори
со Р. Бугарија од 2017 год. како и со Р. Грција од 2018 год. Иако излегуваат надвор од
вообичаената меѓународна пракса, токму овие договори на еден или на друг начин
регулираат културно-историско идентитетски прашања, а нашата цел ќе биде нивна
анализа во делот на придавката „македонски“. Имено, станува збор за релативно нови
договори за кои во науката сè уште нема доволно литература и анализа. Токму давањето
на скромен придонес во оваа насока е задача на овој труд. Анализата на договорите во
овој дел покажува дека при примената на договорите, субјектите си земаа за право да
дефинираат кога и во каков контекст може да се употребува придавката „македонски“.

Published
2022-01-29

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>