ДЕТЕРМИНАЦИЈА И ДЕМАРКАЦИЈА НА ПОИМИТЕ „МАЛА ДРЖАВА“ И „МАЛА СИЛА“
Abstract
Сметаме дека дефинирањето на поимот „мала држава“ е и можно и
пожелно и има за цел да послужи како алатка во науката на меѓународните односи. Нашата
основна забелешка во досегашната теоретска работа кај авторите кои се занимаваат со оваа
проблематика, е фактот што во најголем број од случаите кога се обидуваат да дадат
дефиниција, тие поаѓаат од погрешната претпоставка дека овој поим (секогаш) е ист со поимот
„мала сила“ и практично не прават разлика помеѓу двата термина. Токму тоа е основната задача
и цел на овој труд, т.е. од една страна да ја наметне потребата од дефинирање на поимот „мала
држава“ и да го сугерира начинот на дефинирање, како и да направи и да ја образложи
разликата со терминот „мала сила“, од друга страна.