РЕЛИГИОЗНИТЕ АСПЕКТИ ВО ГЕРМАНСКОЈАЗИЧНАТА ЕКСПРЕСИОНИСТИЧКА ПОЕЗИЈА
Abstract
Промената на човекот, неговото иманентно обновување, копнежот и
потрагата по човечноста се присутни како доминантни мотиви во германскојазичната
експресионистичка поезија. Од тој обид за ново позиционирање на субјектот
произлегува и новото соочување со христијанската теологија, односно согледувањето
на релацијата на поединецот со Бог. Затоа, предмет на истражување на овој труд се
религиозните аспекти во поезијата на германскојазичниот експресионизам, што се
анализираат во репрезентативната антологија на германскојазичната експресионистичка
лирика „Зазорување на човештвото“ и во „Лириката на експресионистичката деценија“.
Релацијата на субјектот со Бог ќе се анализира од аспект на зависност од Бог и отсуство
на Бог.