СОЦИОЛОГИЈАТА И РЕЛИГИЈАТА

  • Marijana Gjorgjieva

Abstract

Целта на овој труд е истражување на поимот на религијата од аспект
на социологијата. Социологијата на религијата го набљудува заемното влијание на
религијата и на општеството, однесувањето на религиозниот поединец во другите
сфери на неговото однесување во општеството, како и социјалните конституции на
религиозните групирања и организации.
Во овој труд се анализираат теоретските религиозни согледувања на социолозите
Емил Диркем и Никлас Луман. За Диркем, религијата ја наоѓа совршената форма за
сопствената реализација во општеството. Таа, според него, претставува начин човекот
да излезе од сопствената изолираност, да им се приближи на другите луѓе, а можноста
за тоа му ја дава општеството. Затоа тоа за него е изворот на религиозниот живот,
општеството е универзална и вечна причина за развојот на религиозните искуства.
Во своите анализи Никлас Луман ја утврдува религијата како социјален факт и
комуникативен настан и ја набљудува како систем што во својата околина е опкружен
со други општествени системи и е во меѓусебно влијание со нив.

Published
2023-12-07