ВОДАТА И КАМЕНОТ КАКО СИМБОЛИ ВО НАРОДНАТА ТРАДИЦИЈА НА СВЕТИ НИКОЛЕ И СВЕТИНИКОЛСКО

  • Sofija Ivanova
  • Ana Vitanova-Ringacheva

Abstract

Верувањата се составен дел од животот на човекот, без разлика на која
точка од светот живее. Верувањата во натприродните сили, во претскажувачката моќ и
многузначноста на сонот, во магиските обреди, во магиската функција на зборовите, го
следеле човекот отсекогаш. Во време на војна, на општествени превирања и промени,
кога човекот се соочувал со сите форми на злото, таквите активности добиваат
поинакво значење. Токму тие станувале средство за излез од безизлезноста, а вербата
во невидливата сила што може да помогне кога не постои ништо друго, останувала
единствената надеж дека човекот може да преживее и во невозможни услови. Народните
верувања на македонскиот народ се поврзани со култните места кои одиграле важна улога
при оформувањето на обредните дејства, кои пак, довеле до оформување на народните
религии. Култните места произлегле од народните религиозни потреби, а како такви се
извојуваат: дрвјата, каменот и водата, кои ce сметале за соодветно адаптирани места во
природата, наменети за исползување на сакралните потреби на човекот.

Published
2023-12-07

Most read articles by the same author(s)