ШАМАНИСТИЧКИ РЕЛИКТИ ВО РУСАЛИСКИОТ ОБРЕДЕН КОМПЛЕКС (Паралели на релација шаманизам – русалиски игри од источниот дел на Балканскиот Полуостров)

  • Ana Vitanova-Ringacheva

Abstract

Трансните ритуални игри кои егзистирале на просторите на Балканскиот
Полуостров, покажуваат големи сличности со шаманската обредна практика која постоела, но и
сè уште постои на местата кои се сметаат за жариште на шаманизмот како религиозен феномен.
Русалиските игри во Македонија, Бугарија, Романија и Србија, содржат компоненти кои ги
поврзуваат, но и такви по кои се разликуваат. Меѓутоа, заедничко за сите нив е целта со која се
изведуваат, а тоа е плодородие, истерување на злото и заштита од него како и лекување на
болни. Овие цели пред себе си ги поставуваат и повиканите за шаманскиот позив. Иако,
просторно и временски неверојатно оддалечени, русалиските игри и шаманистичките обредни
активности отвораат простор за повлекување асоцијативна врска, која овозможува детекција на
сличностите кои се во фокусот на нашето истражување.

Published
2020-01-27

Most read articles by the same author(s)