ЛЕКСИЧКИТЕ ДЕВИЈАЦИИ ВО УПОТРЕБАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ОД СТРАНА НА ПОЛСКИТЕ И УКРАИНСКИТЕ СТУДЕНТИ

  • Igor Stanojoski Goce Delcev University

Abstract

Лексичките интерференции во усвојувањето на вториот јазик не може
да се анализираат без да се земе предвид аспектот на лексичката семантика. Затоа,
претпочитаме да ги нарекуваме лексичко-семантички. Разликуваме три типа лексичко-
семантичка интерференција: 1) пренос на лексема од првиот во вториот јазик; 2) пренос
на семема; 3) промена на фонемниот состав на зборот. Најголем дел од девијациите
во употребата на македонскиот јазик од страна на полските и украинските студенти
спаѓаат во првиот и вториот тип.

Published
2023-12-20