Легендата за Роланд во француско-италијански контекст: Од средновековна витешка епика до ренесансна иронија

Authors

  • Eva Velinova

Abstract

Трудот ја разработува ирониската постапка во италијанскиот еп од XVI век, Бесниот Орландо на Лодовико Ариосто, која условила трансформација на традиционалната легенда за Роланд,првично присутна во средновековна Франција. Понатаму ги разгледуваме предусловите поради кои доаѓа до промена во третирањето на легендата:општествениот контекст, жанровските определби, родовите гледишта. Промената на погледот на свет во периодот од неколку векови предизвикала смена на витешката содржина, која од возвишеност преминува во лакрдија. Сакаме да ја потенцираме постапката на иронијата како самосвесен третман на фикцијата, а лудилото во кое запаѓа ликот Орландо како симбол на антимиметичноста на книжевниот простор.

Downloads

Published

2013-04-12

Most read articles by the same author(s)