КАРЛО ГОЛДОНИ И РЕФОРМАТА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ТЕАТАР
Abstract
Трудот ги разгледува аспектите на книжевната реформа која
Карло Голдони ја воведува во XIX век на италијанската сцена и нејзината
неминовна поврзаност со моралната реформа на италијанскиот театар. Со цел
да го илустрираме значењето на театарската иновација која ја носи Голдони, ги
разгледуваме општествените услови во Италија, историјата на италијанскиот
театар и примената на новите театарски постапки во неговата најпозната
комедија Мирандолина.