КРИЗАТА НА ИСТОРИЈАТА И НА КНИЖЕВНИОТ ЛИК ВО РОМАНОТ „ЧОВЕК БЕЗ СВОЈСТВА“ НА РОБЕРТ МУЗИЛ
Abstract
Овој труд ќе се обиде да одговори на прашањето како литературата учествува во размислувањето за историјата, односно како концептот на историјата влијае на менувањето на концептот за човекот. Трудот го објаснува контекстот на историските случувања пред распадот на Австро-унгарската Империја и почетокот на Првата светска војна, реакциите на ликовите на новиот историски вакуум, нивните теориски размислувања за актуелните прашања во науката и општеството, за љубовта и мистиката.