ЧИТАЊЕ И РАБОТАТА СО ТЕКСТ ВО ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА

  • Ирена Китанова
  • Емилија Петрова Ѓорѓева
  • Снежана Мирасчиева
  • Даниела Јакимова

Abstract

Читањето претставува аналитичко-синтетичка постапка, мисловен процес кој истовремено обединува повеќе фази кои го доведуваат ученикот до правилно совладување на техниките за читање и оспособување за разбирање на прочитаното. 

Тие неколку фази се: воочување на буквата како графички знак, претворање на неговата симболика во графичка претстава, истовремено воочување и правилно изговарање на гласовите во еден збор, поврзување на зборовите во реченица и нивно читање со темпо на секојдневен говор и на крајот сфаќање на содржината. Постојат неколку дефиниции за читањето кои во суштина се сведуваат на тоа дека претставува процес на изговарање на зборовите. Во САД во 1998 година ваквата дефиниција се смета за прва, а потоа се појавува и дефиницијата “Читањето е учење на идентификација на зборовите и нивното значење“. Процесот на читање воедно е разгледуван и од страна на читање на текст и е добиена следната дефиниција “Читањето е учење за добивање на знаење за одреден текст со цел да се добие знаење и од него“.

Published
2017-01-10