ТЕХНОЛОГИИ ВО СОВРЕМЕНАТА НАСТАВА ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  • Драгана Кузмановска
  • Емилија Шекеринова

Abstract

Во овој труд ќе се разгледува примената на современите информациски и комуникациски технологии во образованието во Македонија, со посебен акцент на средното образование. Целта на трудот е да се воочат придобивките од примената на технологиите во современиот наставен процес, како и да се укаже на потешкотиите во нивната примена. За таа цел користени се прашалници кои се спроведени помеѓу наставници по различни наставни предмети и ученици од трета година во средно училиште. Притоа е направена споредба во примената на информациските и комуникациските технологии во различни наставни предмети.

Published
2017-01-11