КОНТРАСТИВНОСТ НА ДИЈАХРОНИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ПРИКАЖАН ПРЕКУ СТАРОСЛОВЕНСКИТЕ РАКОПИСИ
Abstract
Во трудот којшто е предмет на наша разработка со наслов Контрастивност на дијахронијата на македонскиот јазик прикажан преку старословенските ракописи ја претставивме еволуцијата (дијахронијата) на македонскиот јазик, односно развојот кој тој го има како дел од јужнословенската група на јазици, претставен преку неколку старословенски
ракописи, со контрастивно истражување и проследување на избрани контексти во делата со народен говор (јазик) на Кирил Пејчиновиќ - Тетоец и Јоаким Крчовски. Како појдовен материјал од каде што го започнавме истражувањето се земени старословенските ракописи: Трескавечки еухологиум, Пролог бр. 72 и Слепченски патерик. Ја согледавме состојбата и еволуцијата на јазикот во народните македонски дела (преку ексцерпираните контексти) Огледало од Пејчиновиќ и Чудеса пресвјатија Богородици, од
Крчовски, за во завршокот да ја елаборираме и да ја проследиме диференцијацијата на ексцерпираниот материјал од наведените ракописи и дела во СМЈ. Со ваквото истражување се надеваме дека пред сè ја оддадовме должната почит кон историјата на македонскиот јазик, а со компаративните методи и контрастивното истражување направивме своевиден приказ на развојот на јазикот преку факти ексцерпирани од повеќе значајни текстови на старословенски и народен јазик.