ИНТЕРКУЛТУРАЛНОСТА ВО КОМУНИКАЦИЈАТА (РАЗМИСЛУВАЊА ЗА КУЛТУРНО- ЦИВИЛИЗАЦИСКИТЕ И ОБРАЗОВНИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ)

  • Снежана Петрова

Abstract

Разновидноста е инхерентна карактеристика на секое општество и во светот ја има бесконечно многу. Идентитетските, културните и религиозните различности бараат исклучително развиени способности за меѓусебно разбирање, комуникација и соработка со цел да се избегне опасноста тие да дегенерираат во конфликти, насилства и повреди на човековите права. Во таа смисла, интеркултуралните приоди настојуваат да ја подобрат токму интерсоцијалната и меѓучовечката комуникација со тоа
што го признаваат и го прифаќаат културниот плурализам како општествена реалност, со цел да се оствари општество на еднакви права и правичност и да се придонесе кон воспоставување на хармонични меѓуетнички односи (Pagé, 1993).
Нашата студија ќе настојува, врз основа на споредбени елементи, да образложи повеќе поими како што се: културен идентитет, интеркултуралност, плурикултуралност, мултикултуралност и да ја согледа нивната примена во различни земји, а потоа да ги согледа главните начини на претставување на интеркултуралноста во образованието во Франција, како и во нашата земја, и да размислува за моделите на интеркултуралност кои најчесто можат да се сретнат во образовните политики. Очигледно е дека интеркултурното образование е главен влог во одредени земји, но и  вистински предизвик во други земји каде малцинствата и религиите бараат посебни педагошки пристапи. Во таа смисла ќе се обидеме да донесеме нови предлози за педагошки практики и интеркултурални пристапи во училиштата.

Published
2017-01-12