ВОСПИТНАТА ФУНКЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО ВО СОВРЕМЕНОТО ОПШТЕСТВО

  • Емилија Петрова Ѓорѓева
  • Митко Коцев

Abstract

Во воспитувањето на децата учествуваат различни фактори, но како најзначајни се сметаат: семејството и училиштето, односно наставникот. Од останатите фактори, силно влијание имаат и: врсниците, општествената средина, мас - медиумите, (особено ТВ), невладини организации, политички партии, а со развојот на информатичкото општество, силно е и влијанието на различните социјални мрежи, односно интернетот.
Значи, можеме да констатираме два вида на влијание: едно кое е спонтано, неинтенционално, ненамерно и друго - влијание кое е намерно, интенционално, со посебно нагласена цел, задачи и средства на реализација. Во овој контекст, педагошката мисла разликува функционално воспитание (ненамерното, спонтано влијание) и насочено, намерно влијание кое спаѓа во доменот на интенционалното воспитание. Интенционално воспитание остварува училиштето, односно наставникот, според одредена програма, со точно определена цел, задачи, методи и средства.

Published
2017-01-12