МЕТОДИ И ТЕХНИКИ НА ЧАСОВИТЕ ПО ТУРСКИ ЈАЗИК И КНИЖЕВНОСТ СПОРЕД ПРОЦЕСИТЕ НА КОГНИТИВНОТО УЧЕЊЕ
Abstract
Според Пиаже, иако процесот на постепено јазично едуцирање започнува од механичките моделирања коишто детето ги доживува како резултат на интеракцијата со околината, овие моделирања во завршниот дел се претвараат во одредени ментални структури и создаваат центар за целосен ментален (когнитивен) развој. Во овој процес детето поминува од мисловни постапки какви што се адаптација, критика, испрашување и заповед и преку развивање на хипотези стигнуваат до јазични структури
коишто се општествено прифатени.
Од страна на (Demirel, Ö. 1999: 141) што е развиено; “Методи и техники коишто можат да се употребат на часовите по турски јазик и книжевност според процесите на когнитивната област“ од анкетираните 14 предметни наставници коишто предаваат Турски јазик во основните училишта можеме да видиме дека 71.43% од наставниците ја користат техниката прашање-одговор, додека најмалку користени методи се методот на проект 28.57% и работа во групи по двајца 28.57%.