ГОВОРНИОТ ЧИН „ОДБИВАЊЕ“ И НЕГОВА РЕАЛИЗАЦИЈА КАЈ МАКЕДОНСКИТЕ ИЗУЧУВАЧИ НА СТРАНСКИ ЈАЗИК
Abstract
Оваа студија за говорниот чин одбивање се заснова на анализа на неприфаќањето, односно одбивање на одредено барање, понуда или покана, реализирани во меѓујазикот кај македонските изучувачи на странски јазик (германски). Истражувањата се засноваат на начините на кои се изведува овој говорен чин, семантичките форми, стратегиите и анализата која се базира од нивното истражување.
Оваа студија треба да покаже како изучувачите на германски како странски јазик го формулираат овој говорен чин, дава приказ на изборот на нивната перспектива, должината на изразите и степенот на наметнување. При анализата на овој говорен чин се осврнуваме на истражувањата на Робинсон (Robinson, 1991), Блум-Кулка и сор. (Blum-Kulka et.al., 1989), Бекерс (Beckers, 1999), Хаиаши (Hayashi, 2000) и др. Врз основа на овие теоретски постапки изведуваме емпириска анализа.
Посебно се истражуваат комуникациските способности на македонските изучувачи на германскиот јазик. Бројот на овој вид студии во Р. Северна Македонија е многу мал и постои потреба од нивно зголемување и од развивање нови методи за собирање материјал за анализа и негова обработка. Во приложениот труд анализите се направен со инструментот „игра по улоги“, а учесници се студенти од Филолошкиот факултет при УГД во Штип и од УЈИЕ од Тетово од Р. Северна Македонија. Резултатите и анализите можат да придонесат за проучување на прагматичките компетенции кај изучувачите по странски јазик и за развивање курикулуми и модули за правилно усвојување на конкретниот говорен чин.