„СУПТИЛНИТЕ ПРОТИВРЕЧНОСТИ ВО ЛИРИКАТА НА ПЕТАР ПРЕРАДОВИЌ“

  • Луси Караниколова-Чочоровска

Abstract

Оваа статија се занимава интерпретација на поезијата на австрискиот генерал, истакнатот илирец и голем хрватски поет Петар Прерадовиќ.
Вниманието го насочуваме спрема неговата поетика од патриотска и рефлексивна провиниенција, а која е тесно поврзана со неговите животни и човечки принципи, наидувајќи притоа на низа противречности. Имено, станува збор за православен Србин, премолчано преведен во католик, без притоа формално да биде објавен
чинот на таа конверзија, за човек со висок морал и достоинство, генерал во туѓинска армија, а со духот и душата лојален на себеси и својата почва.
Поезијата на Прерадовиќ претставува единство од крутоста и нежноста, лиричноста и рационалноста, силно доживеана, но пишувана од „дистанца“.
Тоа е поезија морална, но не морализаторска, виско етична, филантропска, интелектуалистичка, во која рационалното е далеку подоминантно од емотивното.
Токму ваквите противречности имплицирани во неговата поезија претставуваат провокација за пристап и анализа, која треба уште еднаш да ги потврди нејзиниот
високиот естетизам, етичност и благородност.

Published
2020-02-16