ЕКСПЛИЦИТНИТЕ ОБЈАСНУВАЊА КАКО НЕОПХОДНА ИЛИ НЕПОТРЕБНА КОМПОНЕНТА ВО РАМКИТЕ НА ПОУЧУВАЊЕТО ГРАМАТИКА СО ОБРАБОТКА НА ИНПУТ
Abstract
Во овој труд се претставуваат дел од истражувањата коишто се направени со цел да се утврди дали експлицитната информација е неопходна или, пак, e непотребна компонента на пристапот поучување граматика со обработка на инпут и дали во овој пристап се доволни само активностите со структуриран инпут. Во воведниот дел накратко се опишуваат основните карактеристики на овој тип на настава и на активностите со структуриран инпут. Во продолжение на трудот се разгледуваат истражувањата на Ван Патен и Оикенон, на Вонг, како и истражувањето на Бенати. Потоа, се нагласуваат предизвиците, тешкотиите и пречките во утврдувањето на долготрајните ефекти од поучувањето граматика со обработка на инпут, преку истражувањето на Ван Патен и Фернандез. Во завршетокот на трудот се дискутира за резултатите и заклучоците од наведените истражувања.