ФРАЗЕОЛОГИЗМИТЕ КАКО ВАЖНА АЛКА ВО ПРОЦЕСОТ НА УСВОЈУВАЊЕ НА СТРАНСКИОТ ЈАЗИК

  • Драгана Кузмановска
  • Снежана Кирова
  • Биљана Иванова

Abstract

Фразеологизмите се важна алка во процесот на изучување на еден странски јазик и тие дури и укажуваат на висок степен на познавање на странскиот јазик. Брук (Burke,1998:5) тврди дека „познавањето на фразеологизмите е од фундаментално значење за изучувачите на странски јазик кои треба да го усвојат странскиот јазик како и мајчиниот”. Бромли (Bromley,1984:272) се согласува со овој исказ и додава дека „токму фразеологизмите се тие кои предизвикуваат конфузија и тешкотии во процесот на изучување на странскиот јазик и затоа треба да заземат посебно место во наставата по странски јазик“. Трудот го посветуваме токму на оваа категорија зацврстени лексеми наречени фразеологизми и нивната улога во усвојување на еден странски јазик зошто сметаме дека оваа категорија лексеми е занемарена во наставата по странски јазик и поради ваквото занемарување се јавуваат тешкотиите во процесот на комуникацијата.

Published
2020-02-16