ЗНАЧЕЊЕТО НА ИТАЛИЈАНСКИТЕ ПРОСТИ ПРЕДЛОЗИ FRA и TRA И НИВНИТЕ ЕКВИВАЛЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Abstract
Предлозите во италијанскиот јазик се едни од најтешките јазични категории за усвојување и тие најчесто им задаваат најголеми потешкотии на македонските слушатели кои го
изучуваат италијанскиот јазик како странски јазик. Причина за тоа се големиот број синтаксичко-семантички функции кои ги изразува еден ист предлог, а исто така повеќе предлози можат да изразат една иста функција. Предмет на ова истражување е значењето на простите предлози fra и tra во италијанскиот јазик и нивните можни еквиваленти во македонскиот јазик. Значењето ќе го анализираме преку специфичниот однос кој го воспоставуваат овие предлози меѓу два елемента, како и врз основа на одделното значење на тие елементи. Целта е да ги пронајдеме сите еквивалентни предлошки конструкции во македонскиот јазик, како и сличностите и разликите меѓу италијанските предлошки
конструкции и соодветните македонски преводни еквиваленти.