СУПСТАНТИВИРАНИТЕ ПРИДАВКИ И ПРИЛОШКИ ОПРЕДЕЛБИ ВО РУСКИОТ И ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Abstract
Супстантивацијата претставува посебен процес на премин на зборовите од една морфолошка категорија во категоријата именки. Како резултат на ваквиот премин се добиваат зборови со граматички и семантички карактеристики на именки. Теоретски збор од која било морфолошка класа може да премине во именка, но најчесто оваа појава се забележува кај придавките и кај прилошките определби.
Целта на овој труд е да ги групира супстантивираните придавки и прилошки определби во македонскиот и во рускиот јазик според нивното семантичко поле, да ги категоризира според нивната стилска маркација и според употребата во соодветниот јазик, а исто така да изврши и споредба на оваа категорија зборови во двата јазика.