НЕВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА ВО НАСТАВАТА

  • Марија Тодорова

Abstract

Комуникацијата е важен аспект со суштинско значење т.е. темел и појдовна точка за постигнување успешна реализација на наставата. Таа го овозможува преносот на информации меѓу наставникот и учениците како главни учесници во наставниот процес и ги решава и елиминира недоразбирањата меѓу нив и на тој начин создава пријатна атмосфера за успешно усвојување на материјалот. За остварување на успешна комуникација, неопходно е да се земат во предвид не само вербалните туку и невербалните симболи на комуникација. Во овој труд се наведуваат некои од елементите на невербалната комуникација во наставата, со цел да се разбере јазикот на телото, да се разберат учениците во целост, а со тоа да се оствари успешна комуникација и реализација на наставата

Published
2020-02-16