ДУШАН БУДИМИРОВИЌ И СЕРГЕЈ МИХАЈЛОВ ОСНОВОПОЛОЖНИЦИ НА ТЕАТАРСКИОТ И МУЗИЧКИОТ ЖИВОТ ВО ШТИП ПОМЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ

  • Оливер Цацков

Abstract

Во трудот посебен акцент е даден на исклучителниот придонес на режисерот и драматург Будимировиќ-основач на првиот штипски театер и неговата интензивна театарска активност во Штип помеѓу двете светски војни. Исто така во темата простор е даден и на Михајлов, музичкиот педагог и композитор заслужен за развојот на музичката култура на Штип. Сергеј Михајлов како руски мигрант дојден во Штип својот творечки врв го достигнал со поставувањето на првата опера во Македонија. Исто така тој оспособил и многу генерации музички уметници кои дури и денес остават белег од она што тој го поставил како музичка основа. Посебно место е дадено на плејадата млади штипјани кој со целата сила на својот талент и уште поголема љубов создадоа театарски и музички живот во Штип помеѓу двете светски војни.

Published
2020-02-16