ЈАДРОТО НА ЈАЗИЧНОТО СОЗНАНИЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

  • Марија Соколова

Abstract

Јадрото на јазичното сознание е особено интересно за лексикологијата. Тоа најдобро може да се согледа преку анализа на асоцијативните речници. Анализата на асоцијативните речници на словенските јазици придонесува во унапредување на методологијата на истражување кај словенските јазици, но и унапредување на културата, стереотипите и уверувањата кај словенските народи. Асоцијативните речници претставуваат нов начин на прикажување на јазикот. Според нив може да се анализира сликата на светот од говорителот во одредено време. Асоцијативните речници помагаат и да се пронајде јадрото на јазичното сознание во еден јазик. Словенскиот асоцијативен речник ја дал почетната основа за да започнат ваквите истражувања. Јадрото на јазичното сознание го претставуваат зборовите кои имаат најголем број асоцијативни врски со другите зборови. Во овој труд врз основа на Асоцијативниот речник на македонскиот јазик и Обратно социјативниот речник на македонскиот јазик ќе го испитаме јадрото на јазичното сознание во македонскиот јазик. Ќе направиме увид кои лексеми се јавуваат како најчести асоцијации на најголем број стимулуси во речникот. Освен тоа, преку
компаративен пристап на јадрото на јазичното сознание во неколку словенски јазици, ќе утврдиме кои лексеми се заеднички за тие народи и јазици.

Published
2020-02-16