ДЕЗАМБИГВИЗАЦИЈА НА СИНТАКСИЧКАТА ПОВЕЌЕЗНАЧНОСТ ВО ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК

Authors

  • Даринка Маролова

Abstract

Во овој научен труд се определува поимот ‘синтаксичка повеќезначност’ и се става акцент на релевантноста на нејзината дезамбигвизација со помош на контекстот во прв ред, но и на другите јазични и вонјазични ентитети. Притоа се прави анализа на маркантни примери на германски јазик, со цел да се докаже дека доколку тие останат не-дезамбигвизирани би можело да бидат погрешно разбрани. Проблематичната природа на овие феномени особено доаѓа до израз во пишаните текстови.

Downloads

Published

2020-02-19