ГЛАГОЛСКИОТ ПРИЛОГ ВО УЛОГА НА ПРИЛОШКА ОПРЕДЕЛБА ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И НЕГОВИТЕ АНГЛИСКИ ПРЕВОДНИ ЕКВИВАЛЕНТИ

Authors

  • Катерина Видова

Keywords:

глаголски прилог, прилошка определба, сегашен партицип, преводен еквивалент

Abstract

Целта на овој труд е да ja истражи употребата на глаголскиот прилог во улога на прилошка определба во македонскиот јазик и неговите англиски преводни еквиваленти. Двојната морфолошка природа на глаголскиот прилог во македонскиот јазик, кој во себе обединува карактеристики на глагол и на прилог, се согледува и на неговата синтаксичка употреба. Од една страна, глаголскиот прилог секогаш го задржува основното значење на дополнително, второстепено дејство и во многу случаи е разгледуван како второстепен предикат, а од друга страна, пак, има функција на прилошка определба на главното дејство и изразува низа прилошки определби (за начин, време, причина, последица и сл.) што овозможува да биде окарактеризиран како посебен вид на прилошка определба. Глаголскиот прилог влегува во различни прилошки односи со глаголот-
предикат. Глаголскиот прилог означува на каков начин, поради која причина, во кое време, при какви и покрај какви услови се извршува главното дејство. Истражувањето е фокусирано на глаголскиот прилог во улога на прилошка определба и неговите англиски преводни еквиваленти. За таа цел направена е ексцерпција и анализа на реченици од македонска литература преведена на англиски јазик. Сегашниот партицип се јавува како преводен еквивалент на глаголскиот прилог во англискиот јазик. Резултатите покажуваат дека едно од најкарактеристичните и најизразените значења на глаголскиот прилог е прилошкото значење за начин. Исто така, се среќаваат примери со употреба на глаголскиот прилог во улога на прилошка определба за причина, за време, за услов, за допуштање итн.

Downloads

Published

2021-02-02