МОДУЛАЦИЈАТА КАКО ПРЕВЕДУВАЧКА ПОСТАПКА ВО МАКЕДОНСКИОТ ПРЕВОД НА РОМАНОТ „ПАЛОМАР“ ОД ИТАЛО КАЛВИНО
Abstract
Предмет на трудот е анализа на македонскиот превод на романот „Паломар“ од италијанскиот писател Итало Калвино во издание на македонската издавачка куќа Ѓурѓа и во исклучителен превод на проф. д-р Радица Никодиновска. Поаѓајќи од поделбата на Вине и Делберне, ќе пристапиме кон детална традуктолошка анализа на македонскиот превод на романот, ќе се обидеме да ги идентификуваме и класифицираме преведувачките техники кои се применети. Особен акцент ќе ставиме на преведувачката техника модулација како една од доминантните техники. Модулацијата или приближен превод е промена на формата на пораката како резултат на промена на гледиштето. Ќе ги објасниме термините задолжителна или лексикализирана модулација и факултативна или слободна модулација. Ќе одговориме на прашањата кои реторички фигури се
застапени кај оваа преведувачка техника и преку анализа на примерите ќе ги прикажеме видовите модулација присутни во македонскиот превод: апстрактно за конкретно, експлицитна модулација, причина за последица, супстанца за предмет, дел за целина, еден дел за друг, простор наместо време, интервали и граници, промена на симбол и модулација затврдната со употреба-клишеа, идиоматски изрази.