ИНТЕГРАЦИЈА НА ГЕРМАНИЗМИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Keywords:
германизми, интегративни процеси, мотивирачки збор, афикс.
Abstract
Во трудот се разгледува интеграцијата на заемките од германско потекло (германизми) во македонскиот јазик. Претставени се т. н. надворешни (формални) интегративни процеси на именките, придавките и глаголите од германско потекло на графиско, фонолошко и морфолошко рамниште. Дополнително, се анализира употребата на заемките од германско потекло како основни т. е. мотивирачки зборови за образување нови зборови во македонскиот јазик, со фокус на морфолошкиот начин на зборообразување. Се разгледуваат изборот на афиксот и зборовната група на мотивирачкиот и на мотивираниот збор.