СОЦИЈАЛНИТЕ РАСКАЗИ НА АНТОН ПАВЛОВИЧ ЧЕХОВ И БОРИС БОЈАЏИСКИ

  • Јованка Денкова
Keywords: раскази за деца, А. П. Чехов, Борис Бојаџиски

Abstract

Во оваа статија се осврнуваме кон творештвото на двајца претставници на краткиот расказ за деца и млади во руската и македонската книжевност – Антон Павлович Чехов и Борис Бојаџиски. Овие двајца автори се сметаат за основоположници на литературата за деца во своите земји. Анализата кај Чехов ќе се задржи врз збирката раскази „Шарени раскази“, а од Борис Бојаџиски ќе се анализира збирката раскази „Чекори што не можеа да запрат“. Акцентот ќе се стави на анализа на допирните елементи во нивното творештво, првенствено во дел од нивниот краток расказ и при тоа ќе се направи книжевна споредба на дел од социјалните елементи кај двајцата автори.

Published
2021-02-02