ИНТЕРДИСКУРЗИВНИТЕ ДИЈАЛОЗИ НА ЛИРИКАТА

Authors

  • Марија Ѓорѓиева Димова

Keywords:

лирска поезија, лирски циклус, интердискурзивност, метатекстуалност

Abstract

Предмет на интерес на овој текст е циклусот песни Писма до Јулија од стихозбирката Мои страсти, мои страданија (2019) на македонската авторка Катица Ќулавкова. Интерпретативниот фокус е поставен врз интердискурзивните дијалози на лирскиот циклус со историјата, што е особено индикативно со оглед на тоа дека станува збор за книжевен род којшто е немиметичен и којшто располага со посебен вид, лирски конвенции. Анализата ги следи автореференцијалните, метатекстуалните и интертекстуалните постапки во песните од циклусот врз фонот на интердисурзивните релации книжевност – историја, но и врз фонот на поетиката на Ќулавкова.

Downloads

Published

2021-02-02