ГАСТРОНОМСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ИСТОЧНИОТ РЕГИОН НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Abstract
Гастрономијата представува многу комплексна наука, која не го опфаќа само начинот на приготвување на храната и креирање на вкусовите, туку и економски, општествени, културни, историски и природни аспекти кои се поврзани со храната. Гастрономијата најчесто е таа преку која многу лесно може да се отслика културата, традициите, начинот на живеење на еден народ, како и природните карактерситики на регионот или дестинацијата. Тоа всушност го формира и гастрономскиот идентитет на територијата, дестинацијата или регионот. Во Северна Македонија постојат осум региони: Вардарски, Источен, Североисточен, Пелагониски, Југосточен, Југозападен, Полошки и Скопски регион, а овој труд, ќе се обработи Источниот регион на Северна Македонија, со тоа што ќе се опишат и објаснат основните карактеристики, природни и културни, гастрономски производи и специјалитети кои се препознатливи за регионот и гастрономските манифестации кои се оддржуваат на овие простори.