ПРЕДНОСТИ ПРИ УЗУЧУВАЊЕТО НА СТРАНСКИ ЈАЗИК ОД НАЈМАЛА ВОЗРАСТ

  • Биљана Иванова
  • Драгана Кузмановска
  • Снежана Кирова
Keywords: странски јазик, предности, деца од најмала возраст

Abstract

Во нашето општество на различни нации и јазици учењето и зборувањето на повеќе од еден јазик се смета за предност. Зборувањето втор или странски јазик за една личност претставува можност да комуницира со поголем број на луѓе, зголемувајќи ги нивните образовни, социјални и професионални можности. Ако ги прашате луѓето, многу од нив ќе одговорат дека најдобро време за учење на јазик е кога си дете. Но, дали покрај бенефитите кои тоа дете ќе ги добие од учење и говорење на јазикот не постојат ли и некои недостатоци од учењето на странски јазик, особено ако го изучуваат деца кои се во градинка?
Во овој труд ќе ги разгледаме предностите при изучувањето на странски  јазик од најмала возраст и дали истиот треба да се учи и како да се учи според одредени програми и закони.

Published
2021-02-02