ЈАЗИЧЕН КОРПУС НА МАКЕДОНСКИТЕ ИЗУЧУВАЧИ ПО АНГЛИСКИ И ГЕРМАНСКИ КАКО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ

  • Билјана Ивановска
  • Марија Кусевска
  • Цвета Мартиновска Банде
Keywords: корпусни истражувања, меѓујазик, англиски како странски јазик, германски како странски јазик

Abstract

Целта на овој труд е претставување, карактеристики и начини на користење на Корпусот на јазикот на македонските изучувачи по англиски и германски како странски јазици кој има за цел да собере најмалку 500.000 зборови на функционален јазик од македонските изучувачи на странски јазик (англиски и германски), во форма на писма, е-мејлови, вклучувајќи и барања на информации, барање помош, покана, одбивање, извинување, писма на изразување благодарност, прераскажување на настани, празници, искуства,
опишување на места, згради, луѓе, пејсажи; аргументативни есеи; Прашалникот за пополнување на дискурс; играта по улоги и сл. Корпусот ќе ги покрие нивоата А1-С2 и ќе овозможи податоци според варијаблите: возраст, пол, мајчин јазик, образование, ниво на познавање на јазикот, години на изучување англиски/германски, изложеност на Ј2 (престој во земја каде англискиот и германскиот јазик се зборуваат, колку долго и сл.), дали личноста зборува друг странски јазик и колку добро.

Јазичниот корпус се состои од три поткорпуси: англиски, германски и македонски. Англискиот и германскиот поткорпус содржат материјали од изучувачи на овие странски јазици, а македонскиот поткорпус содржи јазични материјали произведени од изворни говорители. Истражувањата можат да се дефинираат според параметри кои го  дефинираат корпусот, параметри кои ги опишуваат испитаниците и параметри за текстот.

Published
2021-02-02