„ПРОСВЕТИТЕЛСТВОТО ВО ЈУЖНОСЛОВЕНСКИТЕ ЛИТЕРАТУРИ“ (ПРЕГЛЕД)
Abstract
Тргнувајќи од нашата наставна практика, во оваа статија правиме краток, компаративен осврт на периодот на просветителството во јужнословенските литератури: српската, хрватската, словенечката и бугарската.
Се прави приказ и анализа на состојбите, најнапред во српската култура и литература, од крајот на 18-от и почетокот на 19-от век, потоа и со дејноста на Захарије Орфелин и Доситеј Обрадовиќ, како основоположници на српското просветителство, „донесено“ од Западна Европа. Потоа, се осврнуваме кон истиот период во хрватската култура, кога Е во ек т.н. Илирско движење или Хрватска народна преродба, сосема уникатно движење, типпично само за Хрватска и неговиот иницијатор Људевит Гај. Следува периодот на словенечкото просветителство, автентично по многу нешта и неговиот најзначаен претставник Марко Похлин и најпосле, периодот на бугарското претпросветителство и
просветителство со Паисиј Хилендарски и Софрониј Врачански.
Целта е да се претстават заедничките одлики на просветителството во овие четири, јужнословенски средини, но и нивните автентични специфичности, заедно со придобивките од оваа многу значајна епоха, а пред сѐ употребата на народниот јазик во книжевноста и неговиот придонес за подигањето на просветеноста и националната свест.