ГРАМАТИКАТА ВО УЧЕБНИЦИТЕ ПО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

  • Милена Касапоска-Чадловска
Keywords: граматика, француски јазик, учебник, средно образование

Abstract

При изучувањето на францускиот јазик граматиката отсекогаш им претставувала голем предизвик на македонските ученици. Генерално, кај нив преовладува впечатокот дека францускиот јазик и неговите граматички правила се едни од најкомплицираните меѓу граматиките на странските јазици кои се застапени во македонскиот образовен систем. Поттикнати од тоа, сакавме да дознаеме дали тој впечаток можеби се должи на обемот во кој е застапена граматиката во учебниците, на начинот на кој се претставени граматичките правила или на несоодветноста на понудените граматички вежби. Поконкретно, наш предмет на интерес во трудот се граматичките содржини во учебните
помагала по француски јазик во македонското средно гимназиско образование. Анализата ќе опфати дел од учебниците кои се одобрени за работа на ова
образовно ниво, односно: Agenda 2 (Hachette) и Version Originale 3 (Maison des Langues). Првиот аспект кој ќе биде разгледан се однесува на граматичкиот пристап кој е застапен во секој учебник поединечно, додека вториот аспект го опфаќа типот на вежби кои се предложени за усвојување на граматичките содржини. Нашата цел е да провериме дали граматичките содржини и начинот на кој тие се претставени во учебниците одговараат на современите пристапи во методиката на странскиот јазик.

Published
2021-02-03